Денес, официјално започнува најстариот фестивал на новосоздадени македонски песни, Фолк фест Валандово. Традицијата која продолжува и оваа година, ќе го заокружи предјубилејното, дваесет и деветтото издание на еден од најпознатите фолк фестивали кои се одржуваат во нашата земја.
Двете фестивалски вечери, кои ќе се одржат денес (07.06.2013) и утре (08.06.2013), уште еднаш ќе ги соберат познатите македонски фолк пејачи, кои заедно со дебитантите ќе покажат зошто токму Фолк фест Валандово е еден од најреномиран фестивали на новосоздадени песни во Македонија.
Оваа, прва вечер на фестивалот ќе биде од ревијален карактер, каде ќе настапат македонски фолк ѕвезди, кои ќе ги испеат најголемите хитови кои произлегле од овој фестивал, додека пак на втората, натпреварувачка вечер ќе се претстават 24 изведувачи - познати македонски пејачи, дебитанти, како и гости од соседните држави и претставници од дијаспората. Наградите за победниците ќе се доделуваат во две категории - награда од публиката и награда од стручното жири.
Македонската Телевизија ќе врши директен пренос на првата програма од двете фестивалски вечери, со почеток во 20:15 часот