Сузана Гавазова ја освои првата награда од публиката на годинашново издание на Фолк фест Валандово додека Блага Петреска првата награда од стручното жири. Ова е исходот од 29 издание на Фолк фест Валандово на кое првата вечер беше ревијална додека втората натпреварувачка на која се изведоа нови 24 песни. Гавазова наградата ја доби за песната ,,Умирам по тебе,, на музика и аранжман на Дејан Момировски а текст на Борче Нечевски. Петреска жирито го освои со песната ,,Каква судба,, на музика на Барбаровски а текст на нејзината керка Оља Ангелевска
На годинашново издание на фестивалот второто место од публиката и припадна на Даниела Темелковска и Даниел Блажевски за песната ,,Животот ни носи се,, а од жирито и припадна на Милица Кузмановска која ја отпеа ,,Заедно до крајот,,. Публиката третото место и го додели на Благојче Стојановски- Туше за песната ,,Моја Надице,, а жирито ја додели на дуетот Павловска Георгиевски за ,,Сто пати да се родам,, и гостинот од Србија Жарко Тимотијевиќ ,, Овде сретнав убавина,,.