Бендот ,,Болеро,, одржа концерт на отворено и во Иловица каде со своите хитови ја вжешти атмосферата и ги разгира иловчани пред домот на Културата. Нивниот настап беше во склоп на одбележувањето на 20 годишниот јубилеј откако одржаа концерт на отворено и во селото Пиперево. Како што и најавија од ова група, секој слободен термин ке го искористат да им се посветат на публиката пред се во селата каде ги правеле нивните почетоци во музичката кариера без било каков надомест.
,,Бевме премногу изненадени од посетеноста и од фановите што сме ги имале во Иловица и околните населени места. Се осекаме должни кон публиката во тоа населено место, и затоа набрзо ке органираме уште еден таков настан во некое село што е во близина на Иловица.,,велата болерци на чија адреса стасаа покани и од други струмички села кои барат забава преку летниот период токму со членовите на Болеро.