Во Саботата на Плоштадот св. Спасо Радовишки се одржа уличниот Фестивал БАСКЕР ФЕСТ – на кој настапија голем број на учесници од Македонија и соседните држави, тие се претставија со голем број на точки од кој – Акробатски вештини, жонглери со пламен, улични танчери, како и на крајот фестивалот заврши со Рок концерт на групата Крос Роад од Прилеп.
Oвој Фестивал беше под покровителство на Општина Радовиш и Градоначалникот Сашко Николов. Со овој Фестивал БАСКЕР Фест 2013, како и со манифестацијата Оро Весело 2013 и официјално започна РАДОВИШКО КУЛТУРНО ЛЕТО 2013.