AMD Strela

 

Струмичкиот театар со премиера на ,,Подземна комедија,,

Струмичкиот театар со премиера на ,,Подземна комедија,,
Објавено на: 26 Jun 2013

Струмичкиот театар во петок премиерно ќе ја изведе преставата „Подземна комедија“ од Христо Бојчев во режија на Деан Дамјановски. Во преставата играат Стојан Велков – Трн, Васил Михаи, Коста Ангов
Оливера Аризанова, Јулија
Милкова, Бранко Бенинов, Кире Ѓоргиев, Томе Ментинов, Ванчо Василев и Ванчо Крстевски

струмички театар

Подземна комедија“ е претстава за разликата помеѓу животот и живеењето, помеѓу цената на животот и неговата вистинска вредност која ја сфаќаме дури кога ќе се најдеме пред смртта ... или после неа. Тоа е претстава за егзистенцијалните дилеми на еден човек кој погледнува на својот живот од позиција на смртта. И сето тоа проткаено со специфичен „балкански“ хумор кој се граничи со апсурд, како и со еден бескраен оптимизам кој ја потврдува човечката вредност и сила и допира до суштината на неговото постоење“ вели режисерот Дамјановски кој се јавува и во улога на избор на музика . Костимографија е на Елена Дончева, Сценографија на Кирил Василев а Ассистент на сценографија е Митко Гогов

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK