Дилемите се разрешени. Како што дознава Југоинфо, српската турбо фолк дива Цеца Ражнатовиќ ќе го затвори првиот забавно музичкиот фестивал ,,Струмица опен 2012,, што ке се одржи од 16 до 18 август. Според нашите информации Цеца прифатила да пее на струмичкиот плоштад во рамките на фестивалот на кој ќе настапат и други музички имиња. Други детали не се соопштуваат. Балканската популарна фолк пејачка која неодамна си ги извади силиконите од градите оти имала проблем чирот но и со нозете поради високите штикли, беше во игра со Зравко Чолиќ и хрватската поп дива Северина.
Организаторот на фестивалот здружението ,,Културно забавен живот,, постојано контактирале со нивните менаџери за да на крај се постигне договор со Цеца, која по речиси 20 години повторно доага во Струмица. Според програмата на 16 август концерт ќе има групата Прљаво казалиште, на 17 Харис Џиновиќ а паралелно ќе настапуват и повеке домашни пејачи и групи од забавната и народната музика. За време на фестивалот ке се одржат и други активности театарски претстави ,ликовни изложби, вечерни поезии, трка на келнери,бармени .