Фолклорната група ,, Распеани Дојранчани,, учествуваа на меѓународниот фестивал на народни балетски групи што се организира секоја година во Марцали, Унгарија. Преку дефиле низ улиците на Марцали и настапот во официјалниот дел ,, Распеани Дојранчани,, ја пренесоа македонската култура преку песни и ора, при што го привлекоа вниманието на унгарската публика.
Инаку настапот на ,,Распеани Дојранчани ,, на овој фестивал се должи на збратимувањето на Дојран и Марцали преку Агро твин проектот во кој се вклучени и општините Медулин од Хрватска, и Монтекарото од Италија. ,,Распеани Дојранчани ,, имале впечатлив настап мегу 10 те фолклорни групи од Унгарија, Грција, Хрватска, Бугарија, Србија, Полска, Романија, Италија и Турција што учестввуаа на фестивалот што се одржа од изминатата недела