AMD Strela

 

Откриени доцноатничките бедеми на Струмица кај стариот суд

Откриени доцноатничките бедеми  на Струмица кај стариот суд
Објавено на: 07 Jul 2012

Потврда за тоа даваат и најновите археолошки откритија на локалитет ,,Стар суд,,. Таму,наместо очекуваните остатоци од средновековната црква посветена на Св.,,Константин и Елена,, археолозите наидоа на доцноантички бедем кој го чувал градското јадро од можните непријателските војски и напади.Со новото откритие само се потврдуваат досегашните пишани историски извори кои ја прават Струмица еден од најстарите градови во Македонија.

star sud

,,Засега освен на локалитетот ,,Цареви кули,, немавме други потврди, меѓутоа еве овде во самиот град Струмица, на ова место се појавија градските бедеми кои морам да кажам и нас не изненадија колку се широки и големи, а и дел од фортификација,односно кула овде се појави на која понатаму се поставувани други сидни структури, најверојатно од објекти. Сето она што е запишано во историските извори се потврдува и дека градот Струмица опстојува веќе повеќе од 2300-400 години.,, вели Зоран Рујак археолог

arheologija

Новите откритија за струмичките археолози претставуваат само добра основа за понатамошни подетални истражувања во стариот дел на градот од кои очекуваат да добијат многу појасна слика за Струмица како град но и неговата улога во историјата на Република Македонија,а и пошироко. Досегашните истражувања на локалитетот ,,Стар суд,, завод и музеј Струмица ги реализираше како дел од редовната програма на министерството за култура.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK