Театарската претстава „Ах љубов моја“, во реализација на театар „Комедија“ од Скопје го означи почетокот на „Радовишкото културно лето 2012“. Во рамките на отварањето на манифестацијата во изложбениот простор на центарот за култура во Радовиш беше отворена и и самостојната ликовна изложба на ликовниот уметник Благој Јованов. Преставата беше проследена со голем интерес од страна на радовишани со оглед дека многу ретко се случуваат театарски престави пред се гостувања на театарски центри во Радовиш.
Организаторите на „Радовишко културно лето 2012“ за оваа година најавуваат богата и разновидна програма исполнета со голем број културни настани кои ќе бидат реализирани во текот на месеците јули и август на повќе локации во градот.