Сузе за својата кариера но и привлекување повеке туристи на природните убавини и реткости на планината Беласица, направи фото сесија на Смоларскиот водопад. Ова и било дамнешна желба да ги промовира убавините на својата општина, бидејки потекнува до селото Сушица.
,,Па јас имав одамна желба да се сликам на водопадите но некако не доаѓаше ред. Kонечно со Томе Табанов ја ја реализиравме фото сесијата. Секое лето еднаш или двапати одам на водопадите. Да имам слободно време, повеке ќе одам, дури посакувам и таму да си живеам но тоа сега е невозможно. Има многу туристи и од странство што ги посетуваат водопадите, знам дека сега многу туристи доаѓаат од Холандија,, рече Сузе која професионално ја одработи фото сесијата во летна шема.
Дел од сесијата сакле да ја направат и во млазевите на водопадот но студената вода ги расколебала во раните утрински часови
,,Сум влегувала во во водата но многу многу е ладна. Овојпат бевме многу рано сабајле и претерано беше ладно и неможев да влезам во водата а камоли да застанам под млазот од вода кој пага од 40 метри,, се насмеа Сузе
Таа со препорака до општина Ново село и посетителите на водопадот, дека тоа што господ ни го дал треба да се одржува и негува а во интерес на туризмот потребни се угостителски објекти.
,,Јас тврдам дека водопадите на Беласица се прекрасни и не трема ништо да се менува како што госопд ни ги дал. Само треба да се одржува хигиената односно да не се фрла губре и да има поблизу да водопадите ресторанчиња, бидејки водопадите и свежиот воздух веднаш ти го отварат апетитот,, одоговори Сузе која ги повика сите македонци да ги посетат и да се разладат на водопадите од овие високи температури.
Фото сесијата ја направи искусниот фотограф Томе Табанов додека за косата на фолк пејачката се погрижи студиото ,,Image,,.