AMD Strela

 

По примерот на „Вудсток“,-„Парксток“ во Струмица

По примерот на „Вудсток“,-„Парксток“ во Струмица
Објавено на: 17 Jul 2012

Под мотото „Еден ден на мирот и музиката“, вчеравечер, на паркинг просторот позади спортската сала„ Парк“, по примерот на легендарниот „Вудсток“од страна на повеќе обожаватели, бендови и почитувачи на рок музиката, за прв пат во Струмица се организира „Парксток“.

zabava

На овој несекојдневен настан организиран од овие креативни млади луѓе, присуствувааа околу 150-на посетители, коишто не можеа да останат рамнодушни на познатите рок хитови: „Don’t let me down “ (Не ме оставај долу), Yesterday(Вчера), Give peace a chance “ (Дајте шанса на мирот), „ Imagine“ (Замисли) и други.

strumica

- Организацијата на овој несекојдневен настан произлезе од идејата да направиме нешто различно и да докажаме дека покрај кич-музиката, се уште има млади луѓе кои што знаат да уживаат во рок музиката и да ја негуваат. Основна цел ни е промовирање на овој правец, а од друга страна на публиката да и се овозможи да ужива во истиот. Вложивме многу труд и ентузијазам за да ја реализираме оваа идеја, без капитал и без намера да заработиме. Главната порака која што сакаме да ја упатиме преку овој настан, беше младите што повеќе да уживаат во слободата, да ја пренесуваат љубовта и да го негуваат мирот, вели еден од организаторите Љубомир Митровски и фронтмен на групата „ Френдс“.

strumica

Како резултат на одличните реакции и позитивни вибрации на посетителите, се планира ваквиот настан да прерасне во традиција и да биде еден од заштитните знаци во иднина на градот под Царевите Кули.

strumica

mladi

strumica

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK