На 26 јули во „Куќата на писателите“ во хрватскиот град Пазин се одржa вечер посветена на поезијата на Никола Маџиров, а следната недела тој ќе ја чита својата поезија на македонски, а актер на хрватски јазик во Пула. Претставувањето е предвидено во вид на портрет-разговор со модераторите на вечерта и со публиката. Никола Маџиров е избран меѓу десетте автори за 2012 година и поканет е на книжевна резиденција во „Куќата на писателите“ во Пазин, каде што престојува од 7 јули до 5 август. Ќе се читаат песни од хрватското издание на неговата книга „Преместен камен“ објавена од хрватската реномирана издавачката куќа „Фрактура“, во превод на Борислав Павловски. По завршувањето на книжевниот престој во Пазин, Никола Маџиров продолжува со книжевните патувања во Австрија и Словенија.