AMD Strela

 

Како поминуваат Македонците на одмор

Како поминуваат Македонците на одмор
Објавено на: 03 Aug 2012

-Стани во 4 сабајле и зафати 6 лежалки- 2 на сонце, 2 на сенка и 2 за секој случај. После врати се у кревет и спиј до 12 на пладне.
-На просечен Македонец му требаат 8 квадрата - 5 за крпата и 3 за влечалките.
-Треба да се понесе лап топ, ајпод, блекбери, камера, транзистор и фото апарат за да се прати слика на фејсбук.
-Книга не смее да се носи, тежи.
-Ако немаш чадор за сонце, намести се така чадорот на комшиите да те покрива тебе после ручек. Ти не си виновен што не испланирале.
-Радиото треба да свири турбо фолк, а мобилниот Бах.
-За деца до 12 години нема потреба да се инвестира во купаќи. Деца се.
-Децата најдобро се повикуваат да излезат од вода од 200-250 метри, со јака децибелажа.
-Ако не излезат, најдобро е тука на лице место да ги истепаш. Да се види кој е алфа-мејл.
-Најголемо задоволство е лубеница да се јаде на плажа, а корупките да се остават покрај кантата. Да не се мачат сите да влегуваат во кантата
-Цигарите најубаво се гасат во песокта. Со кармин на пикавецот, да се знае која е лејди
-Свекрвата најубаво се оговара на плажа и тоа со новата пријателка од Врање-5 лежалки подалеку од твојата.
-Ако не ти е сменета постелнината сабајлето, на рецепција „се тераш у п.м.„ зашто дома секој ден ја менуваш.
-Пивнуваш пиво, одиш на пливање и после зимаш ново, ладно. Затоа е ол инклузив!

plaza
-Кога ручаш, децата треба да трчаат наоколу, по другите маси, после да заспијат поубаво.
-Ако ти заѕвони мобилен, викај погласно, зашто те бараат дури од Македонија, па не се слуша.
-Купаќите најубаво се сушат опнати на чадорот за сонце горе.
-Шведската маса е за да земеш од се и најдобро во иста чинија - кој вели дека не одат риба и баклава?
-Не си бил на море ако не купиш оригинален „Луј Витон“ на плажа.
-На децата им купуваш свирчиња, зашто вувузелите се потрошиле.
-Кога цел хотел ќе си легне, излегуваш на тераса и играш јамб или табла со пластични коцки до 4 сабајле. Пред да легнеш, одиш и ги местиш крпите за утре.

plaza

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK