AMD Strela

 

Почна меѓународната ликовна колонија

Почна меѓународната ликовна колонија
Објавено на: 06 Aug 2012

 Со изложбата насловена „Преобликувана стварност“ на ликовната уметничка Ана Лаковиќ од Црна Гора, синоќа во центарот за култура „Антон Панов“ и официјално започна 49-то издание на меѓународната струмичка ликовна колонија. Во следните 15 дена колку што ќе трае колонијата, нови дела ќе создаваат околу дваесетина уметници од Русија, Полска, Бугарија, Турција, Србија, Црна Гора, Албанија и Македонија. Новосоздадените дела на показ на струмичката јавност ќе бидат на 11-ти септември, денот на ослободувањето на Струмица. Струмичката е една од најстарите ликовни колонии во Македонија, а во нејзиното депо има над две илјади дела создадени од околу илјада ликовни уметници од целиот свет. Струмичката ликовна колонија се одржува под покровителство на министерството за култура и општина Струмица.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK