Д-Фестивал, уникатниот open-air музички хепенинг кој се одржува во Дојран, веќе сам по себе прерасна во симбол на незаборавно концертно доживување и омилена дестинација за фановите на автентичниот летен фестивалски дух. Традицијата на овој настан и одличната атмосфера која ни остава незаборавни спомени од целовечерната забава на автентичното дојранско крајбрежје продолжува и годинава и тоа во знакот на јубилејната „Таксират 15“ година. Во организација на Пасворд Продакшн и Антена 5 Радио, на 27ми јули (сабота) ќе се одржи третото издание на Д Фестивал, а паркингот Гранит во Дојран повторно ќе биде местото каде што ќе се танцува до изгрејсонце.
Гаранцијата за остварувањето на ветеното, дека годинава не очекува најпозитивното издание на фестивалот до сега, доаѓа со исклучителните имиња од грижливо селектираната и интернационална програма на фестивалот. На наше особено задоволство првиот дел од артистите кои го потврдија својот настап на Д Фестивал 2013 ги вклучува Дубиоза Колектив, Conquering Lion и Amariszi.
Покрај нив, сцената на Д Фестивал 2013 ќе ги претстави и Conquering Lion, даб/реге/хардкор бендот од Тетово, кој загарантирано ќе донесе добра енергија и неодолив реге ритам. Во 2009 година тие го објавија првиот албум, наречен едноставно "I", кој се состои од 10 песни, вклучувајќи и соработка со јамајканецот Jahom Clarityjem на песната Jah Love. Вториот албум е издаден 2011, и моментално работат на трето студиско издание.
Еден од бендовите кои со сигурност ќе ја освои публиката на Д Фестивал е холандскиот бенд Amariszi. Ова е бенд кој во својот музички израз ги комбинира балканските музички влијанија на исклучително инвентивен начин – свеж микс на поп, реге, фолк. Холандската музичка дружина оформена е во 2007 година, четири години подоцна го објавува извонредниот деби албум „Balkan Chaotika“. Албумотот кој го карактеризираат оригиналноста и инспиративната виртуозност, им донесе неколку награди и го отвори патот кон настапите на бројни фестивали.