Центарот за култура Антон Панов по трет пат го организираше фестивалот на источно црковно пеење. Преку настапот на хоровите ,, Св. Теофило Струмички,,како домакин и ,, Св. Нектариј Битолски,, и ,, Св. Макрина,, од Битола струмичани имаа можност на еден поинаков начин да го почувствуваат Пулсот на животот на домот Божји. Директорот на центарот за култура ,, Антон Панов,, Иван Јовев вели дека фестивалот има за цел да ги сретне на едно место сите хорови и да им овозможи меѓусебно запознавање и натпревар во стремежите кон усовршување.
,, Нашата намера е да дадеме барем еден мал прилог во возобновувањето, реактуелизацијата и популаризацијата на ризницата во источното црковно пеење во Македонија,,. Вели Јовев
Источното црковно пеење подразбира една фаза од христијанската богослужбена музика која го збогатила, систематизирала и довела до совршенство изразувањето на верата преку пеење. Византиската музика на овој географски простор била востановена уште уште од времето на светите браќа Кирил и Методиј,со клучна улога на светите Климент и Наум Охридски.