Малата Ивана Maзнејкова од Струмица најдобра во Минхен Германија
Објавено на: 01 Jul 2013
Малата седумгодишната Ивана Мазнејкова, победи на интернационалниот натпревар за пијано во Минхен Германија. Натпреварот беше поделен на возрасни категории до 25 години и во секоја категорија интернационалото жири прогласуваше победник. Ивана се здоби со ова титула натпреварувајки се со учесници од Германија, Русија, Северна Кореја, Јапонија, Австрија, Полска.
На концертот на победниците малата Ивана ја доби специјалната награда за најдобра изведба на современ германски автор. Ивана е ученичка на ОМУ ,, Боро Џони,, во Струмица и на овој реномирен натпревар беше поканета да се престави како млад пијанист во Европа кој зад себе има 12 мегународни натпревари