По примерот на легендарниот „Вудсток“ од страна на повеќе обожаватели, бендови и почитувачи на рок музиката, со поддршка на здружението „НОВУС“ по втор пат во Струмица ќе се организира „Парксток“.
Фестивалот ќе се одржи на 15 јули (понеделник), во Амфитеатарот, кај големиот градски парк. Основна цел е промовирањето на овој правец, а од друга страна на публиката да и се овозможи да ужива во истиот. Главната порака која што се упатува преку овој настан е младите што повеќе да уживаат во слободата, рок музиката, да ја пренесуваат љубовта и да го негуваат мирот.
За разлика од минатата, оваа година музичкиот репертоар на фестивалот ќе биде збогатен и со бендови од други градови, но и бендови кои што доаѓаат од струмичкото поднебје.
Заради одличните реакции и позитивни вибрации на посетителите од минатата година, оваа година со право се очекува посетеноста да биде помасовна, со што овој фестивал би прераснал во традиција на градот под Царевите Кули.