Струмичката женска тројка Александра Јанева, Тања Кајнакчиева и Гонце Ѓоргиева ги натпеаа сите пријавени на музичкото шоу ,,Сите наши песни,, организирано од националната телевизија МТВ. Тие во големото финале беа подобри од прилепската тројка во состав Наташа Седлоска, Ален Хасановиќ и Ангела Ѓуричанин. Во ова музичко шоу настапуваа вкупно 16 млади пејачи и пејачки од земјава од повеќе општини но Александра , Гонце и Тања од Струмица покажаа дека имаат квалитети како вистински професионалци.
Во текот на целото шоу се изведуваа исклучиво македонски забавни песни а Александра Гонце и Тања во текот на целото шоу перфектно ги изведуваа подзаборавените македонски хитови за што добиваа комплименти и пофални зборови од членовите на стручното жири. Вечерва пак во Струмица финалето меѓу екипите на Струмица и Прилеп беше следено преку видео бим