Карневалската маска „Кенгурица“ на ООУ „Гоце Делчев“ од Василево учествуваше на карневалот „Врнци 2013“ што се одржа во Врњачка Бања соседна Србија Според информацијата добиена од координаторот на маската, наставникот Тихомир Илиев, станува збор за ревијален меѓународен карневал на кој ,,кенгурите,, од Василево оставиле забележителен впечаток кај организаторите но и кај посетителите
Низ улиците на Врњачка бања продефилираа 30-тина кенгури кои на најавтентичен начин ја пренесат приказната за повратникот од Австралија, кој со спечалените долари решил во родниот крај да отвори фарма за кенгури. Инаку маската „Кенгурица“ на ООУ“ Гоце Делчев“ од Василево, на годинешниот Струмички карневал го освоија второто место во конкуренција на групна маска со над 50 учесници.