AMD Strela

 

Со концертот на Кристина Арнаудова почна "Гевгелиското културно лето 2013

Со концертот на Кристина Арнаудова почна
Објавено на: 22 Jul 2013

"Гевгелиското културно лето 2013" стартува со концертот "Бојата на звукот" на Кристина Арнаудова. Покрај ова до крајот на јули во Народниот театар во Гевгелија ќе гостува Народниот театар "Антон Панов" од Струмица со претсавата "Не чукај блиску срцето", а во Ликовниот салон на хотел "Аполонија" ќе биде одржана меѓународната ликовна изложба "Схоњ ѕор хопе". Во рамките на "Гевгелиското културно лето" на 29 јули во Богородица ќе настапат детските фолклорни ансамбли на КУД"Богородица", КУД"Негорци" и КУД"Браќа Толеви".

gevgelisko kulturno leto

Во последната августовска декада "Гевгелиското културно лето" продолжува со изложба на графики од Иванчо Талевски, концерт на Мандолинскиот оркестар при КУД"Јуриј Лончариќ" од Хрватска и фолклорниот ансамбл "Бојмија" и промоција на книгата на Кирил Кангов "Вардарски вознесенија". Главен настан во август секако ќе биде мултимедијалниот фестивал БОШ на кој годинава се очекува учество и на странски гости, а на повеќе локации во Гевгелија ќе се одржи од 23 до 25 август. Исто така, на 25 август ќе се одржи и завршниот концерт на традиционалната манифестација "Смоквијада".

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK