Маската ,, Јубилејна забава,, со која граѓанското здружение ,, Струма,, на последниот струмички карневал го одбележа своето дваесетгодишно континуирано учество на карневалот, изминатиот викенд учествуваше на карневалот „Врнци 2013“ што се одржа во Врњачка Бања соседна Србија. Исто како и на нејзиното премиерно претставување пред домашната публика, така и на ова гостување маската на Струма не остави рамнодушен никого од присутните во Врњачка Бања.
Раскошните костими кои до најмал детал се рачна изработка и атрактивните струмичанки го свртеа вниманието буквално на сите присутни на карневалот вели претседателот на здружението Добрила Достинова. Таа додаде дека нивното претставување било едно од најдолгите бидејќи скоро на секој чекор некој сакал да се фотографира токму со учесниците на нивната маска, добиле и многу пофалби како од организаторите, така и од другите учесници, а и покани за дуги гостувања со што според неа само потврдува дека Струмица ги има едни од највалитетните маски.
Инаку ова им е трето учество на ,,Струма,, на карневалот во Врњачка Бања. Минатата година тие се претставија со мартинките, а пред тоа учествуваа со макската Лас Вегас.