AMD Strela

 

Горан Пандев го слави 30- тиот роденден

Горан Пандев го слави 30- тиот роденден
Објавено на: 27 Jul 2013

Струмичкиот фудбалски интернационалец Горан Пандев денеска полни 30 години. Тој во моментов е со екипата на ,,Наполи,, која интензивно се подготвува за  новиот италијански шампионат. Својата подготвеност тој ја манефистираше на пријателскиот дуел со ,,Карпи,, каде го постигна првиот гол за победата на ,,Наполи,,.  Пандев во моментов е најдобриот фудбалер во земјава и капитен на македонската фудбалска репрезентација. За неа има постигнато 26 гола додека во клубовите каде има настапувано Гоче, 93 пати ја тресел противничката мрежа. Кариерата ја започна во струмичка Беласица од каде замина во Интер- Италија. Играше и за Специја и Анкона за да од 2004 се зацврсти во тимот на Лацио, го крена европскиот шампински пехар со Интер за да последните две сезони игра за Наполи. Во брак е со Надица  а како плод на нивната љубов се родија Филипо и Ана.

goran padnev so Nadica

Пандев со сопругата Надица и децата Ана и Филипо  на прошетка по струмичкото корзо..... Фото С. Гунчев

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK