Струмичката манекенка и фото модел Катерина Урдова ќе учествува на светскиот избор за Мис Супер модел што ќе се одржи во градовите Тијанин и Рехерсол во Кина. Таа таму ќе носи фустани од струмичката креаторка Емили Пишева. На изборот за Мис Супер модел ќе учествуваат преставнички од 60 земји а Македонија ја преставува младата Урдова преку ,,Пантерс моделс,, кој ја има лиценцата за земјава на овој избор. Најдобрите 10 модели ќе имат можност да склучат договори со организаторите а најдбрите шест ке добијат и награди.
Катерина Урдова пред неполни три недели беше избрана меѓу десетте најубави девојки на изборот Мис на ,,Фешн ТВ,, што се одржа во Северен Кипар со што обезбеди учество на следните настани што ќе ги организира Фешн ТВ