Јордан Митев уште еднаш покажа зошто е на самиот врв на македонската фолк естрада. Во преполниот комплекс на олимпискиот базен Шампион во Радовиш тој на своите сограѓани им подари концерт за паметење, незаборавна вечер исполнета со многу емоции, позитивна енергија и музика подарена од душа. Миленикот на сите генерации во придружба на одличните Маестрал и Фаворити од Битола повеќе од два часа не го штедеше ниту гласот ниту емоциите и буквално со иста енергија од почетокот на концертот па се до неговиот крај на публиката и ги подари дел од неговите најубави песни за кои освен изведувач се јавува и како комплетен автор.
Концертот кој е дел од летната македонска турнеја на Јордан Митев започна со хитот ,, Бакни ме како грешница по што почнаа да редат ,, Ај стани млада невесто,, , Моја невеста,, , ,,Еднаш вака славам еднаш вака правам,, , ,, Полетај песно моја,, , ,, Моја Македонија,, , ,, Зоре Моја,, , ,, Каролинче каранфилче,, , ,, Љубов голема,, , ,, Македонско да заиграме,, , ,, Кај што тече вардарот,, а заврши со сплет песни кои буквално ја кренаа цела публика на нозе која и накрајот од концертот како и вотекот на целата вечер заедно со него ги пееше сите песни.
Радовиш е четвртиот од вкупно петте концерти кои Митев реши ова лето да и ги подари на македонската публика. Турнејата започна со Прилеп по што следуваа Битола и Пробиштип , а завршува со концертот во Охрид кој ќе се случи во предевечерието на големиот македонски празник Илинден.
Инаку, Јордан Митев и ова лето е еден од најангажираните македонски фолк изведувачи. Паралелно со летната турнеја тој продолжува и со големиот број други настапи и гостувања и во останатите градови низ Македонија , а неговата публика можноста да ужива во неговата интерпретација и големиот број хитови ја има и на многуте приватни веселби на кои Јордан е присутен летово.
Во меѓувреме тој наоѓа време и за подготовка на новиот албум за кој вели дека ќе биде во неговиот препознатлив стил, но сепак многу поразличен и поинаков од сето тоа што досега и го има понудено на публиката. Кон крајот на август завршува со договорените настапи во Македонија и веќе на почетокот на септември заминува на турнеја во Австралија, а по враќањето повторно ќе нема место време за одмор бидејќи продолжува со гостувањата низ Европа .
За време на концертот имаше и модна ревија