На 31 јули во среда во Босилово ќе биде организирана третата по ред иселеничка средба. Летната сцена на повеќенаменското спортско игралиште во училиштето ,,Гоце Делчев,, во Босилово ќе биде местото на кое ве очекува една од најдобрите забави ова лето со комплетно жива свирка.
На ова средба на која се очекува да присуствуваат иселениците од струмичкиот регион во Европа , Австралија и Америка ќе настапуваат: Група Пицикато и Верица Русева, Благица Калева и група Модус, Катерина и група Легато.
На третата по ред иселеничка средба свои настапи ке имаат и КУД ,,Гоце Делчев од Босилово, КУД ,, Слобода,, од Руменка од Војводина. Почеток на средбата 20.30 часот а покровител на средбата е општина Босилово
Група ,, Легато,, со Катерина Ристова
Група ,,Пицикато,, со Верица Русева
Благица Калева со група Модус