Пред концертот на отворено во Дојран на 2 август-Илинден, познатата поп звезда Жељко Јоксимовиќ ке добие масажа со дојранска кал и специјалитетот на Дојран-риба на трска. Како што е познато поп пејачот, кој го освои цел Балкан, во петок доаѓа во Дојран каде на паркигнот на ,,Гранит,, ќе одржи концерт за што веќе билетите по цена од 450 денари се пуштени во продажба. Спорд информациите кои ги објавија одделни медиуми, организаторот на концертот во Дојран, ,,Мастер тим продукција,, и општина Дојран, на Јокимовиќ ќе му приредиле специјална масажа со лековитата дојранска кал а ќе биде нагостен и во дојранските рибни ресторани.
Останува на самиот пејач ,дали ќе ја искористи масажата со лековита кал по која Дојран последниве години стана препознатлив. Жељко Јоксимовиќ во моментов е актуелен со песната ,,Лудак као ја,, која како и сите останати негови песни се хитови и во земјава. По Дојран поп-звездата од соседна Србија концерт ќе одржи и во Охрид на стадионот ,,Билјанини извори,, на трети август