Од 2 до 4 август, во кампот Мрдаја во Дојран, ќе се одржи второто издание на фестивалот Аларм за природата. Проектот што настана пред две години со поврзување на култниот музички фестивал Аларм и активностите за организирано чистење на речните корита и бреговите на езерата во западниот дел на Македонија, оваа година повторно се активира, а овојпат центарот на случувањата е регионот на Дојранското Езеро! Организираните еко- активности се веќе во тек, а кулуминацијата ќе биде од 2 до 4 август во кампот Мрдаја - Дојран за време на еко-музичкиот фестивал Аларм за природата - Дојран, кадешто освен љубители на добра музика и кампување во природа покрај прекрасното езеро Дојран, ќе има и голем број на невладини организации, училишта, амбасади, приватни претпријатија и други субјекти кои имаат најмалку едно заедничко нешто, а тоа е грижата за природата и желбата да се направи нешто во насока на нејзиното зачувување. До сега потврдени се настапите на музиките групи Мизар, Фолтин, Д Џон, Љубојна, ХаХаХа, Гоце САФ, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Митан, Скрин, Темпера и Машрумс, а наскоро ќе бидат објавени и дополнителни изведувачи од полето на електронската музика.
На Еко- саемот, со свои предавања, работилници и презентации, учество ќе земат : Млади Пожарникари Волонтери – Сфера, Битола; Стрип центар на Македонија - Велес; Инк Арт Студио - Скопје; СОУ Св.Кирил и Методи- Неготино; Асоцијација 615 - Битола; Krug - Center for International Cultural Collaboration, London, UK; Гоу Грин- Скопје; СОУ„Ѓорче Петров“ - Прилеп; Eколошко друштво „ТРЕСКА„ - М. Брод; ММИ Македонска музичка индустрија - Скопје; Зелената арка – Скопје; ДОМ; Младите можат - Скопје; Асоцијација за здравствена едукација и истражување- Х.Е.Р.А. ; Embassy of Sweden; Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст Струмица“ ; Црвен Крст на РМ. Билетите по симболична цена се веќе во продажба и можат да се набават во продажната мрежа на ,,Купи карти за се". Билетите за три дена со вклучено место за кампување чинат 300 денари, а дневните влезници за 2 и 3 август, 150 денари.