AMD Strela

 

Иселениците од Босилово играа и пееа со Модус, Пицикато, Легато

Иселениците од Босилово играа и пееа со Модус, Пицикато, Легато
Објавено на: 01 Aug 2013

Убавата македонска песна и богатиот фолклор ги собра иселениците од општина Босилово на едно место. На иницијатива на градоначалникот на Босилово Љупчо Колев во општинскиот центар се одржа третата по ред иселеничка средба.

legato, picikato modus

- Босилово важи за општина која има голем број граѓани кои долги години живеат и работат во некоја од европските држави и токму затоа локалната самоуправа пред три години започна да ја реализира средбата која има за цел да ги собере на едно место иселениците од сите населени места од општината, но и од регионот и на симболичен начин да им покаже дека и покрај тоа што во моментов не живеат тука, општината сепак мисли на нив. Сметавме дека најубавиот начин да се направи тоа е концерт со убавата македонска песна која одсекогаш била алката која ги поврзува сите македонци со родниот крај без разлика каде живеат и работат, рече градоначалникот на Босилово Љупчо Колев.

kolev

Средбата се одржа на летната сцена на повеќенаменското спортско игралиште во училиштето Гоце Делчев во Босилово, а учесниците во програмата, Верица Русева и Пицикато, Благица Калева и група Модус, Катерина Ристова и групата Легато, КУД Гоце Делчев од Босилово и гостите КУД Слобода од Руменка од Србија, збратимената општина на Босилово направија забава која која долго ќе остане во сеќавањата на многубројната публика.

islenicka sredba

Програмата започна со најмладите од КУД Гоце Делчев и сплет од македонски песни и ора, а продолжи со гостите од КУД Слобода. Атмосферата својата кулуминација ја достигна кога на ред дојдоа Пицикато, Модус и Легато. Повеќе од илјада посетители скоро три часа уживаа во интерпретацијата како на добропознатите стари македонски песни, така и во големите хитови на Благица, Верица и Катерина.

publika

На средбата присуствуваа и повеќе советници од советот на општина Босилово, градоначалниците на општините Василево и Ново Село, Ванчо Стојанов и Блажо Велков, претставници од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион како и пратеникот во собранието на Република Македонија Ромео Тренов.

gradonacal;nici

bosilovo

iselenicka

bosilovo

blagica i modus

bosilovo

verica ruseva so picikato

kate so legato

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK