Вчера, на 5 август во Гевгелија, пред многубројните љубители на ликовната уметност, во фоајето на Народниот театар во Гевгелија беше отворена Изложба на графики од уметникот Иванчо Талевски. Талевски е роден во Битола, во 1983. Последните пет години предава Акт, Графика(Бакропис) и Цртеж на Ликовната школа при Факултетот за ликовни уметности и дизајн на Универзитетот во Пенсилванија. Неговите дела се наоѓаат во приватни и јавни колекции во Република Македонија, САД, Ватикан, Јапонија, Кина, Италија, Шкотска и Грција. Добитник е на многубројни награди како, Полок Краснер Грантот за Ликовна уметност од Њујорк, Трикратен добитник на Грант од Фондацијата Елизабет Гриншилдс од Квебек, Канада, Интернационален медал на биеналето на Гванлан во Кина, наградата Вангел Коџоман која ја доделува КИЦ од Скопје.Живее и работи како професор на ликовната академија во Пенсилванија, САД. Тој важи за еден од најталентираните и најуспешните уметници кои излегле од овие простори. Оваа година се претставува единствено во Гевгелија, со нов циклус на 13 графики. Изложбата за отворена ја прогласи директорот на Домот на културата во Гевгелија, Миле Ничевски кој го искажа своето задоволство што еден од најталентираните уметници кои произлегле од Македонија ја одбра токму Гевгелија да ги претстави своите нови графики во рамките на Топлиот културен бран 2013.