Со орото без граници,вечерва во 20 часот во Струмица, почнува вториот по ред „ Струмица Опен фестивал“, кој ќе трае во наредните десет дена и ќе опфати голем број на културни и забавни настани. Околу 600 играорци од земјава, Бугарија и Србија треба да заиграт од главната пошта кон струмичкиот плоштад со што се очекува да се создаде најмасовното оро без граници на кои се очекува да се приклучат стотици граѓани.