Една од најпопуларните фолк пејачки во државата, Татјана Лазаревска никогаш не мирува и скоро секојдневно ја изненадува својата публика со нешто ново. По драстичната промена на имиџот кога од русокоса преку ноќ стана црвенокоса и промоцијата на атрактивниот спот за Луда журка таа реши на нејзините обожаватели да им подари нова, летна фото сесија.
По повеќегодишна пауза, довербата за новиот промотивен материјал Лазаревска му ја довери на веќе проверениот и докажан фотограф, струмичанецот Томе Табанов кој со неа последен пат соработуваше на снимањето на промотивниот материјал за потребите на концертот по повод десетгодишниот јубилеј кој се одржа во Струмица. Сакајќи да понудат нешто ново и поразлично од досега рабoтеното, во заеднички договор тие решија да излезат од студио и снимањето го направија на терен.
За таа цел како локација беше одбран кањонот Матка каде Татјана и покрај оргомниот број посетители без никаков проблем позираше пред објективот на Табанов додека минувачите уживаа во глетката . Снимањето се одвиваше во неколку дена, а освен на Матка еден дел од фотосесијата беше реализиран и на базен во еден од луксузните скопски хотели каде Татјана пред објективот застана во костим за капење со што покажа дека изгледа одлично и покрај тоа што е мајка на две деца.