На третиот ден од овогодинешниот Струмица опен, главниот збор го имаат келнерите. Со почеток во 20:00ч, традиционално ќе се одржи трката на келнерите, пред библиотеката „Благој Јанков Мучето“ на градското корзо, на која што ќе учествуваат 32 учесници во машка и 8 во женска конкуренција. После тоа, со почеток од 21:00ч ансамблот „Тримери“ ќе одржат концерт во Амфитеатарот, а за крај на денешниов ден е предвидено финалето на бармен купот, со почеток во 22:00ч на познатата „леблебиџиска“ улица.