AMD Strela

 

ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБА НА МАЈКЛ КЛОС ВО ГЕВГЕЛИЈА

ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБА НА МАЈКЛ КЛОС ВО ГЕВГЕЛИЈА
Објавено на: 14 Aug 2013

Вчеравечер  во хотелот Аполонија во Гевгелија во 21 часот беше отворена изложба на канадскиот уметник со македонско потекло Мајкл Клос.  Сликарското дело на Мајкл Клос ги содржи најстарите симболи употребувани во уметничкото изразување, како што се: триаголникот, цик- цак линијата, брановидната линија, три паралелни линии, кругот, сите овие симболи го содржат во себе праисториското ехо.Изложбата е насловена како „Сликарството на патот на хуманоста„ а за сликарските афинитети на Мајкл Клос воведна реч имаше и изложбата ја отвори Драги Хаџи-Николов, уметник и Претседател на советот на општина Гевгелија.

gevgelija

Мајкл Клос е сликар со македонско потекло роден на 14 Август 1954 година во Торонто, Канада. Во 1977 година се здобива со диплома од ОНТАРИО колеџ оф АРТ , една од најстарите И најпознатите сликарски школи (Академии) во Канада. Школувањето го продолжува на Универзитетот во Гвелфи Раерсон Политехничкиот институт за Дизајн. За сите овие години сликарството е неговата преокупација, но исто така долги години работи како дизајнер и сценограф на филм и телевизија. Мајкл Клосе досега има реализирани повеке од 110 самостојни национални и интернационални изложби (Канада, САД, Франција, Германија, Белгија, Турција, Египет, Русија, Соломонските острови, Виетнам).

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK