Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев присуствуваше на поетската вечер што во рамките на Струмица опен фест се одржа во големиот градски парк. Седнат на рогозина во тревата, заедно со останатите вљубеници во убавиот пишан збор, уживаа во стиховите на поетите Мануела Златкова, Ице Беличев, Љупка Антеска и Марија Филева.
Во рамките на фестивалот, во амфитеатарот беше изведена претставата „Умри машки“ во режија на Кире Ѓоргиев, а во малиот градски парк почна со работа ликовната колонија, на која утревечер како почесни гости ќе дојдат и македонската фудбалска ѕвезда Горан Пандев и кошаркарот Владо Илиевски.
И оваа фестивалска вечер ќе биде посветена на актерите, поетите и ликовните уметници.