На петтиот ден од овогодинешниот Струмица опен, главниот збор го имаат актерите, поетите и ликовните уметници. Вечерва, со почеток од 20:00ч ќе се одржи ликовната колонија, во малиот градски парк, а после тоа, со почеток од 21:00ч во Амфитеатарот ќе се одигра претставата „Сенките на Чехов“. За крај на денешниов ден е предвидена „Вечер на поезија“ , која што ќе стартува од 22:30ч, на градскиот парк, во близина на езерцето.