AMD Strela

 

СТРУМИЧКА ПРЕМИЕРА НА ФИЛМОТ „ИГРА И СПАС“ НА ГОРАН ТРЕНЧОВСКИ

СТРУМИЧКА ПРЕМИЕРА НА ФИЛМОТ „ИГРА И СПАС“ НА ГОРАН ТРЕНЧОВСКИ
Објавено на: 14 Aug 2013
Утревечер во летната сцена на Амфитеатарот во Струмица, во рамките на програмата на „Струмица опен фестивал“, со почеток во 21 часот ќе се одржи промотивна проекција на филмот „Игра и спас“. „Игра и спас“ е еден од најновите македонски кусометражни играни филмови во режија на Горан Тренчовски. Филмот премиерно беше прикажан на Белградскиот интернационален фестивал за краток и документарен филм, а потоа имаше проекции на Скопскиот филмски фестивал и на Фестивалот на југоисточна европа во Париз. Филмот е оценет како мошне иновативен и модерен филмски производ во сферата на краткиот аудиовизуелен израз.Дејствието всушност се случува пред и по последните немири на векот, во филмска иконографија на еден фикционален свет составен од интимистички и хиперреални секвенци од животот на еден младич од периферијата.
premiera
Глигор, навраќајќи се на драматичните сцени од своето минато, кога славата и возбудата биле едиствената поткрепа за верба во времето што наближува - од пукотливите игри за стрeлање птици, од нежните мигови со Марија, од туѓиот подбив и од бесмислените херојства - конечно на крајот излегува од тој апсурден обрач, како нов, пречистен и преобразен човек, посветен кон родното огниште и Божјото спасение.„Игра и спас“ трае 15 минути и негов лајтмотив е подигрувањето, вечната игра помеѓу животот и смртта раскажана низ она што е помеѓу.Улогите ги толкуваат Коста Ангов (Глигор), Мартина Тапарчевска (Марија), Салаетин Билал (Таткото), Зора Ѓоргиева (Мајката), Дине Дрваров (Соседот) и др. Во филмот учествуваат и повеќе статисти и натуршчици од Струмица и струмичко. Филмот е снимен минатата година на автентични локации на Суви Лаки, Преведена и Хамзали, при што за првпат се откриваат некои нови импресивни природни филмски екстериери. Сценарист е писателот Васе Манчев, директор на фотографија Слаѓан Милошевски, монтажер Аристид Филактов, тон мајстор Виктор Иванов, костимите се на Томе Филев и Ѓорги К’рм’зов, оригиналната музика ја компонираше Драган Даутовски, а продуцент е Дејан Милошевски.Филмот на 21 овој месец ќе се прикаже на манифестацијата „Град на културата 2013“ во Крива Паланка, а наесен го очекуваат учества на повеќе светски фестивали

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK