Славните струмички спортисти и репрезентативци Горан Пандев и Владо Илиевски, денеска ќе бидат во главна улога на Струмица опен фестивалот. Со почеток од 20:30ч ќе се одржи свеченост на која што тие ќе добијат подарок слики со својот лик во природна големина од познатиот струмичкиот уметник Митко Тошев и со тоа ќе ја затворат струмичката ликовна колонија. После оваа свеченост, ќе се одржи проекција на филмот „Игра и спас“ во режија на Горан Тренчовски, со почеток во 21:00ч во Амфитеатарот. За крајот на денешниов ден е предвидена „Вечер на афоризми“, која ќе стартува од 22:30ч, на градскиот парк, во близина на езерцето.