AMD Strela

 

Ново осветлување за нов сјај на центарот на Струмица

Ново осветлување за нов сјај на центарот на Струмица
Објавено на: 17 Aug 2013

СКОПСКО - еден од најсилните македонски брендови и дефинитивно најсилниот пивски бренд во земјава, донираше повеќе од 50 стилизирани канделабри кои му дадоа нова естетска вредност на центарот на Струмица. Донацијата на СКОПСКО за граѓаните на Струмица, ја одбележа првата музичка фестивалска вечер на Strumica Open Festival 2013, „зачинета“ со ладно пиво, вкусна храна и се разбира одлична забава.  Новите канделабри се поставени во Големиот градски парк, кој се наоѓа во неопосредна близина на плоштадот „Гоце Делчев“. Со новото осветлување, градскиот парк добива нов сјај со што прераснува во едно од најомилените катчиња за престој и релаксација на жителите и посетителите на Струмица.    

1

„Преку овој подарок за Струмичани, СКОПСКО уште еднаш ја потврдува својата трајна мисија – да остане најсаканото пиво за сите потрошувачи во Македонија, искажувајќи го истовремено својот висок респект за потребите на заедницата, чиj неодвоив дел е веќе девет децении, со што на најдобар начин потврдува дека - Едно е СКОПСКО!“, изјави Катерина Хаџи-Ангелеска-Начевска, специјалист за односи со јавноста во Пивара Скопје.

Акцијата која овозможи освежување на изгледот на Големиот градски парк е реализирана во соработка со локалната самоупрaва на Струмица, која ги изврши неопходните градежни зафати и електрични приклучоци за поставување на канделабрите.

2

-Покрај големата контрибуција кон Фестивалот, како најголема пивара во Македонија, секако чувството на општествена одговорност, која што Скопска Пивара го има кон своите потрошувачи, но пред се кон сите граѓани на Република Македонија, е за голема почит и навистина сме среќни  и заради убавината на канделабрите и заради моментот кога е потребна и добредојдена секоја помош и за внимателниот гест кој го прават кон струмичани, изјави градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, доделувајќи им благодарница на Пивара Скопје и СКОПСКО за партнерството во реализацијата на овој општествено одговорен проект.

Новите канделабри во Струмица се дел од долгорочниот проект на Пивара Скопје АД и СКОПСКО за поддршка на општините во подигнување на стандардите на урбаното живеење. Вaкви канделабри и друга урбана опрема досега се поставени во Прилеп, Охрид, Крива Паланка, Кривогаштани, Скопје и други општински центри, а акцијата ќе продолжи и во иднина.

3

 

 




Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK