AMD Strela

 

Амадеус ја вжештија атмосферата, Самарџиќ ги разнежни срцата на публиката

Амадеус ја вжештија атмосферата, Самарџиќ ги разнежни срцата на публиката
Објавено на: 17 Aug 2013

Дуото „Ике де Кока“ во придружба на електрична виолина, ги отсвири познатите светски денс звуци и го најави отварањето на музичката сцена на овогодинешниов Струмица опен фестивал. По нив настапија младите струмички таленти, кои што на прекрасен начин ги изведоа познатите рок хитови, а по нив настапија струмичката група „Јупитер“, кои што претставуваа увертира за она што следува.

1

Со својот енергичен настап „Амадеус бенд“ ја вжештија атмосферата до точка на вриење, пеејќи и македонски песни со кои ја креваа публиката на нозе, а како „шлаг на тортата“ легендарниот српски пејач Жељко Самарџиќ ги разнежни срцата на многубројната публика, која во еден глас ги пееше неговите хитови.

2

3

4

4

5

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK