Струмичкиот локален бенд „Френдс“,со изведување на добро познатите песни на култната македонска рок група „Архангел“ го најавија почетокот на вториот ден од музичката сцена на Струмица опен фестивалот. По нив, на ред беа легендарниот рок бенд „Рибља Чорба“, кој што прославија 35 години од нивното постоење, а публиката во еден глас ги пееше нивните добро познати песни.
По ланскиот настап на првиот фестивал, во анкетата што ја спроведоа организаторите, најголем број струмични посакаа уште еднаш да се дружат со Пеце и дружината. Токму со својот енергичен настап „Суперхикс“ уште еднаш ја размрдаа публиката и докажаа зошто се едни од најдобрите на македонската музичка сцена.
Вториот ден беше заокружен со маестралниот настап на Кирил Џајковски, кој настапи со неговиот оркестар во комплетен состав и на многубројната публика, која што ја остави без здив и приреди микс од звуци од неговите фантастични перформанси.
И за крај, еден од коментарите за вчерашното лудило: „ Вчера беше најоткачениот ден во Струмица од неолитот до сега...Лудницаааа !!!!“