Од 13 па се до 20-ти август, Струмица е биде домаќин на манифестацијата „Струмица опен фестивал“. Во музичкиот дел, за време на официјалните фестивалски вечери од 16-ти до 18-ти август ќе настапат 15 музички ѕвезди, меѓу кои и „Суперхикс“, „Нокаут“, Миле Кузмановски, Влатко Лозаноски, Дани Димитровска од македонската сецена, но и „Прљаво казалиште“, Харис Џиновиќ, поп-рок бендот „Итч“ од балканската.
За затворањето на фестивалот струмичани ја добија српската фолк-ѕвезда Цеца. Организаторот најавува четиридневни ликовни колонии на плоштадот „Гоце Делчев“ со струмичките бендови „Параноид“, „Аларм“, „Фриендс“, театарски претстави во Амфитеатарот и вечер на поезија крај новото струмичко езерце.
Ќе може да се проследи и трката на келнери, бармен и бариста куповите, да се дегустира многу храна и пијалаци.