AMD Strela

 

Стартува Бош фестивалот во Гевгелија

Стартува Бош фестивалот во Гевгелија
Објавено на: 20 Aug 2013

Мултимедијалниот арт-фестивал БОШ ќе се одржи од 23 до 25-ти август во Гевгелија, на повеќе локации во градот. На програмата се концерти, изложби, филмски проекции, театарски претстави и поезија. Во музичката програма потврдени се настапите на „Зебра тракс“ од Атина, „Kлопка за пионира“ од Србија, Зеа од Амстердам, Холандија (член на култните „Ди екс“). Од македонските изведувачи ќе настапат Дa Џака Накот, „Д Џон“ и „Спејс ребел генг“, a предвидена е и фристајл џем-свирка на 20-ина домашни, странски и локални музичари од Гевгелија.

1

Ќе настапат и неколку актери од домашната електронска сцена, како: Дени Трајов, Мартчин („Оф-поп“) и „ПМГ колектив“. Исто така, ќе биде прикажан и мултрискрин-филмот „Џулиус“, на „Еластик театар“ од Лондон. Нивниот уметнички директор и продуцент Џасек Лудвиг Скарсо ќе одржи и работилница за интерактивен театар. Со свои изложби ќе бидат присутни и Атанас Ботев, Маја Kировска, како и Мултимедија центар од Гевгелија. Фестивалот е посветен на прерано починатиот поет и актер Бошко Бозаџиевски. Манифестацијата е во организација на здружението „Арт еквилибриум“ од Гевгелија, во партнерство со јавната општинска установа Дом на култура „Македонија“.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK