Заврши јубилејната, 50-та меѓународна струмичка ликовна колонија. За 15 дена 19 автори автори од повеќе европски земји создадоа над 50 нови дела работени во повеќе различни техники со кои ја збогатија збирката од над 2000 дела од национален интерес создавани во изминатите пет децении.
Новосоздадените дела од јубилејното издание на меѓународната струмичка ликовна колонија традиционално ќе бидат презентирани на изложба на 11-ти септември, денот на ослободувањето на Струмица, а потоа ќе следуваат изложби и во повеќе други ликовни центри низ државата.
Струмичката ликовна колонија важи за една од најреномираните колонии како во домашни, така и во меѓународни рамки. Потврда за тоа дава и бројката од над 1000 ликовни уметници, мозаичари и скулптори од скоро сите краеви на светот кои во изминатите пет децении биле дел од колонијата.