AMD Strela

 

Спектакуларен концерт на Тони Цетински во Радовиш

Спектакуларен концерт на Тони Цетински во Радовиш
Објавено на: 23 Aug 2013

Вчера од 21.00 часот - во спортскиот комплекс „Шампион“ во Радовиш се одржа спектакуларен концерт на Хрватската музичка звезда Тони Цетински кој го имаше својот прв концертен настап како самостоен изведувач пред Македонската публика.Тони Цетински успеа во својот три часовен настап да ја крене Радовишката публика и големиот број на гости од цела Македонија - сите заедно да запеат на неговите песни. Инаку вреди да се спомене дека овој концерт на Тони Цетински, е прв од ваква големина организиран во Радовиш.

1

Организаторот општина Радовиш и Здружението Св. Спасо Радовишки, се погрижија се да биде во најдобар ред и сите да уживаат и се забавуваат со прекрасната изведба на Тони и неговиот бенд. Како гостин на концертот на Тони Цетински во Радовиш, беше Македонската музичка звезда Владо Јаневски – кој исто така пред настапот на Тони имаше едночасовна изведба со неговите нови и постари хитови.

2

Пред настапот во Press-центарот во Ресторан Шампион, во изјавите за медиумите, Тони истакна дека се чувствува прекрасно во Радовиш, и дека е примен одлично од страна на организаторот и градоначалникот Сашко Николов, и ќе се обиде во својот прв настап пред Македонската публика во првиот самостоен концерт да ја крене публиката на нозе и заедно да ги сипејат сите негови хитови, во што и успеја.

3

Со синоќешниот концерт на Хрватска музичка звезда Тони Цетински заврши овогодинешното празнување и чествување на патронот на градот Радовиш Св. Спасо Радовишки – кое чествување беше проследено со богата духовна и културна програма во изминативе три дена.Организатор на концертот на Тони Цетински и целосната манифестација “Св. Спасо Радовишки“ беше Здружението Св. Спасо Радовишки и општина Радовиш – под покровителство на Советот на општина Радовиш и градоначалникот Сашко Николов.

4

5

6

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK