Вечерва, сабота и недела со почеток во 21 часот, во организација на Тивериополската филмска алијанса ќе бидат прикажани неколку интересни филмски остварувања. Вечерва (петок) ќе има проекција на неколку филмови од програмата на последното издание на Астерфест. Ќе бидат прикажани: белгиско-францускиот „Умирање на сенката“ на Том Ван Авермает (филм кој беше номиниран за Оскар), британскиот „Кралот Џон“ на Џон Ласт (филм работен по м отиви на Шекспир) и „За љубовните вештини“ на овогодишниот лауреат на наградата Астер - Карпо Година.
Утревечер (сабота) ќе се одржи специјална филмска вечер со присуство на македонскиот режисер Иван Митевски-Копола и во соработка со Македонската телевизија ќе биде прикажан антологискиот филм „Глас“ на Митевски, депониран во ризницата на УНЕСКО. Исто така, на институции ќе им бидат доделени благодарници за поддршката во првата деценија на филмскиот фестивал Астерфест. В недела ќе следува уште едно летно филмско изненадување.