AMD Strela

 

Русалиите во Секирник повторно заиграа и добија споменик

Русалиите во Секирник повторно заиграа и добија споменик
Објавено на: 28 Aug 2013

Во чест на големиот христијански празник ,, Успение на Пресвета Богородица,, во селото Секирник во општина Босилово се одржa четвртата ,, Средба на Русалии – фолклор,,. Годинава на средбата покрај домакините, културно уметничкото друштво ,, Русалии,, настапија и русалиската фолклорната група ,, Пољаните,, од Петрич – Република Бугарија, ЗфК ,, Копачка,, од село Драмче – Делчево, КУД ,, Танец ,, од Миравци и оркестарот ,, Зора,, во кој членуваат студенти од одсекот етнокореологија од факултетот за музичка уметност при универзитетот ,,Гоце Делчев,, од Штип. Сите тие преку нивната игра и песна поткрепени со звукот на тапанот и писокот на зурлата направија повторно да се доживее историјата за која велат дека не се чита, туку се гледа и осознава.

RUSALII

За градоначалникот на општина Босилово Љупчо Колев под чие покровителство и оваа година се одржа средбата истата  од една страна значи чување на традицијата, а од друга и можност за промоција на богатиот фолклор и културните вредности на регионот.

KOLEV

,, Ние сето тоа треба да го искористиме, да го негуваме и да дадеме поттик. Задача на општината е таквите да ги  поддржува, а таквите иницијативи таквите луѓе секогаш да и бидат во преден план,, рече Љупчо Колев – градоначалник на општина Босилово

RUSALII

Во рамките на четвртата средба на русалиите, а во чест на сто годишнината од егзодусот на македонците од беломорскиот дел на Македонија во центарот на селото Секирник беше откриен споменик на русалија, дело на академскиот скулптор Горан Ѓорев. Споменикот беше подигнат на иницијатива на група група ентузијасти од Секирник, а со поддршка на градоначалникот и советот на општина Босилово со цел трајно да сведочи за историјата и вистината на русалиите.

SPOMENIK RUSALIJA

RUSALIJA

PUBLIKA SEKIRNIK

SEKIRNIK

RUSALII SEKIRNIK

GOSTI OD BUGARIJA

RUSALII OD SEKIRNIK

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK