Никола Маџиров учествува на меѓународниот книжевен фестивал во Малта кој викендов се одржува во градот Валета. Неговите песни ќе се читаат на македонски, англиски и малтешки јазик. На фестивалот учествуваат и поети од Италија, Англија, Сирија, Малта, Холандија, Романија... Маџиров беше дел од преведувачката работилница на која неговата поезија беше преведена на десетина јазици. По овие читања следуваат патувања и претставувања на поезијата во САД, Велика Британија, Франција, Белгија, Јужна Африка, Јамајка и други земји.