Келенерот од ,,19-ка,, на Горан Пандев -Томе Стоилков, заедно со неговата колешка Сања Николова од ,,Селект,, се најбрзите келнери во југоисточна Македонија. Ова е исходот од трката на келнери што се организираше во рамките на Струмица опен фест на плоштадот. Тие беа најснаодливи и најбрзи во опслужувањето на пијалоци на струмичкиот плоштад во конкуренција од 24 учесници од Струмица, Гевгелија и Радовиш. Двајцата добија парични награди од по 15 илјади денари.
,,Учествував исто и лани. Отпаднав во четвртфиналето по моја грешка. Оваа година се пријавив и еве победив.,, рече Томе Стоилков поденик во машка конкуренција.
,,Лани бев, а годинава за првт сум прво место. Не беше којзнае колу тешко, Не зависи се од искуството, понекогаш е потребна и среќа.,, рече Сања Николова – победник во женска конкуренција.
Трката на кленери се увертира за музичкиот дел на ,,Струмица опен фест,, кој стартува со настап на групите ,,Супехикс,, Дани Димитровска и хрватската група ,,Прљаво казалиште,,