Елена Велевска повторно тргнува во акција. По кратката пауза поради бременоста и раѓањето на третото дете, керкичката Калија, атрактивната натурализирана охриѓанка повторно се враќа на македонската фолк сцена. Вели поподготвена е од било кога.
,, Тоа што веќе имам три деца воопшто не ми е проблем бидејќи токму тие се причината да бидам исполнета со неверојатно многу позитивна енергија и да имам сила за сите обврски. Ако се сака се се може, со добра организација но секако и поддршка на сопругот ништо не е тешко. Успевам да бидам и мајка и сопруга, но да најдам време и за мојата публика за која подготвувам нешто специјално,, вели Елена.
Елена враќањето на македонската сцена ќе го направи со песна од струмичанецот Љупче Василев со кого веќе има сорабитувано за неколку нејзини хитови, а имаат снимено и еден дует. Песната е веќе готова, останува само уште делот на Елена кој треба да се заврши деновиве. Специјално за новата песна Велевска направи и нова фото сесија со Томе Табанов, нејзин добар пријател и проверен и долгогодишен соработник. Новите фотографии кои се само еден дел од серијата фотосесии кои треба да бидат направени наскоро за потребите на новиот албум и промотивните материјали за претстојните гостувања во странство само потврдуваат дека Елена после раѓањето на Калија зрачи со својата енергија и изгледа поубаво од било кога.